Четири натпревари од уругвајската лига, вклучувајќи го дуелот на врвот на табелата меѓу Пењарол и Дефенсор се откажани во неделата по борбата на играчите и лидерите на лигата околу правата на фудбалерите.
Стотина фудбалери, подржани од уругвајската асоцијација на тренери, потпишаа писмо до Уругвајската фудбалска федерација (АУФ) обвинувајќи ја за „експлоатација на фудбалерите“.
„Бараме веднаш да се престане користењето на нашите лични права на било кој начин“, се вели во соопштението на 500 играчи под групацијата „Најобединети досега“.
Штрајкот доаѓа само еден месец откако сите натпревари во Уругвај беа откажани поради штрајк на фудбалските судии поради зголеменото насилство кон нив од страна на фудбалерите и навивачите.