Top Sport

Уште еден бод Лидс и Алиоски ги дели од Премиерлигата (видео)

Лидерот во Чемпионшип, Лидс јунајтед по пауза од 16 години е на само чекор до враќање во Премиерлигата.

Екипата во која со успех настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски денеска со 1-0 славеше домашна победа против Барнсли и се доближи на само 1 бод до сигурен пласман во елитното друштво.

Трите бода останаа на „Еланд роуд“ откако Солбауер постигна автогол со кој му помогна на Лидс, а на својот тим му ја закомпликува можноста за опстанок во втората по квалитет лига во Англија.

Алиоски на овој меч влезе од клупата за резерви, во 49. минута.

До крајот на Чемпионшип има уште 2 кола, а на Лидс му е потребен само еден бод за и официјално да стане премиерлигаш.

Scroll to Top