Top Sport

Проблеми за „пеликаните“, Зајон Вилијамсон итно го напушти Орландо

Иако никој не очекуваше дека НБА обидот за продолжување на сезоната во Орландо ќе биде беспрекорен, но Њу Орлеанс Пеликанс денеска се посебно изненадени.

Причина за тоа е нивната најголема ѕвезда, младиот Зајон Вилијамсон морал итно да го напушти кампот во Орландо.

Пеликанс во соопштение наведоа дека во прашање е итна медицинска ситуација со член на неговото семејство. Оттаму посочуваат дека Зајон повторно ќе им се приклучи на соиграчите.

„Потполно го поддржуваме Зајон и одлуката да го напушти НБА кампусот и да биде со семејството. Од почит кон семејството Вилијамсон, нема повеќе да ја коментираме оваа ситуација“ велат од Њу Орлеанс.

Пеликанс натпреварите ги започнуваат на 30 јули, на двобој со Јута Џез.

Scroll to Top