Фудбалерите на Наполи славеа на гостувањето против Емполи со 2:0 во натпреварот од 24. коло на Серија А.
Тренерот на Наполи Лучано Спалети се врати на местото каде што ја заврши кариерата како играч и ги направи првите тренерски чекори. На теренот Спалети и неговите играчи немаа милост.
Наполитанците прашањето околу победникот го решија во првите 30 минути. Најпрвин во 17. минута Исмајили си постигна автогол, а потоа Осимен во 28.минута го постигна вториот гол.
За нигерискиот напаѓач тоа беше 19 гола во Серија А оваа сезона, засега е најдобар стрелец во Италија.
До крајот на мечот директнен црвен картон доби Марио Руи во 67. минута, а во 71.минута на теренот влезе и Елеиф Елмас.
Ова е осми последователен триумф на Наполи и е убедливо прв со 65 бодови, 18 повеќе од второпласираниот Интер, кој допрва треба да го одигра својот меч.