Top Sport

Уште еден член на семејството Мбапе се сели во Реал

Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид. Еден од најдобрите играчи во светот, во Мадрод ќе пристигне како слободен играч. Реал нема да плати оштета за неговиот трансфер, но потписот ќе го награди Мбапе со сума меѓу 120 и 150 милионие евра. Килијан е не единствениот член на семејството Мбапе што ќе го напушти Париз во летиниот преоден рок. По стапките на постариот брат ќе тргне и Итан.

Итан Мбапе има 17 години, неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и тој ќе го напушти Париз и ќе се пресели во Мадрид, пренесува „ОК Диарио“.

Овој извор наведува дека Флорентино Перез сака да ја гради следната генерација на „Галактикос“ околу Итан Мбапе.

Инаку, Итан Мбапе има само три настапи за ПСЖ оваа сезона и, реално, не е калибар каков што беше неговиот брат кога имаше 17 години.

Исто така, тој игра на различна позиција од неговиот брат. Тој е централен играч за врска, а по потреба може да игра и како дефанзивец во редот за врска.

Scroll to Top