Top Sport

Уште еден играч го напушта Салцбург

Вулверхемптон синоќа со неверојатен пресврт славеа над Манчестер сити со 3:2. Екипата што ја предводи Нуно Еспирито Санто на последните 12 натпревари има само еден пораз, а по победата над Сити „скокна“ на петтото место на табелата.

„Вулвс“ не кријат дека ќе се обидат наредната сезона да играат во Лигата на шампионите. Месот можат да изборат преку Премиер лигата или преку Лига Европа каде се фаворити од сенка.

Од таа причина Вулверхемптон го договарале трансферот на Кореецот од Салцбург, Хе-чан Хванг.

23 годишникот има одлична сезона во Салцбург (девет гола и 14 асистенции), а импресионираше со настапите во Лигата на шампионите.

Инаку тој официјално е играч на ХСВ кој е позајмен во Салцбург.

Австријците демантираат дека Хванг ќе го напушти тимот, но потврдиле дека немаат никаков договор со ХСВ дека тој мора да остане во Салцбург до крајот на сезоната.

Информацијата дека Вулверхемптон го договарале трансферот на Кореецот со луѓето од ХСВ ја објаби „Хамбургер Моргенпост“ повикувајќи се на извори од агенцијата „Спорт Јунајтед“ коа ги застапува правата на младиот фудбалер.

Според истиот извор трансферот ќе изнесува 23 милиони евра.

Scroll to Top