Фудбалскиот клуб Сампдорија потврди дека уште еден играч на овој клуб е заразен со вирусот КОВИД-19.
Клубот објави дека заразен бил и Бартош Бережински. Тој е шестиот фудбалер на Самдорија заразен со коронавирусот. Полјакот на својот профил на „Инстаграм“ и самиот објавил дека е позитивен и дека му следи период на изолација и рехабилитиација.
Претходно позитивни тестови имале Маноло Габијадини, Омар Коли, Албин Екдал, Антонино ла Гумина и Мортен Торсби.