Top Sport

Леброн Џејмс ги победи „своите“

Леброн Џејмс се врати во Кливленд и ги предводеше Лејекрси до победата 115:108, над својот поранешен клуб.

Џејмс го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, забележа 46 поени (19/26 шут од поле), осум скока и шест асистенции. Најблиску до Џејмс, од соиграшеите беше Ентони Дејвис (17 поени).

Кај Кливленд, подобри од останатите беа Андре Драмонд со брилијантен дабл-дабл (25 поени, 17 скокови) и Џеди Осман (20 поени).

Резултати:

Детроит-Филаделфија 119:104
Индијана-Торонто 129:114
Орландо-Шарлот 117:108
Бруклин-Мајами 98:85
Кливленд-ЛА Лејкерс 108:115
Далас-Денвер 113:117
Чикаго-Бостон 103:119
Голден стејт-Минесота 130:108
Портланд-Оклахома 122:125

Scroll to Top