Top Sport

Уште еден рекорд на Мбапе

Младиот француски напаѓач Килијан Мбапе, откако викендов постигна четири гола за ПСЖ против Лион, синоќа постави уште еден рекорд, овој пат во дресот на националниот тим.

Франција одигра контролен меч со Исланд и успеа да извлече 2:2 откако Исланѓаните со голвите на Бјарнасон и Арнасон водеа 0:2.

Мбпае во игра влезе во второто полувреме, најпрвин постигна гол (со помош на Ејолфсон) во 86.минута, а потоа реализираше пенал во последната минута од натпреварот.

Напаѓачот дојде до бројката од десет гола во дресот на Франција и стана првиот играч во историјата на националниот тим кој до оваа бројка стигнал пред својот 20. роденден.

Мбапе 20 години ќе наполни на 20. декември.

Најдобар стрелец во историјата на Франција со 51 гол е Тиери Анри, а десет помалку има постигнато уште една легенда, Мишел Платини. Од активните репрезентативци прв на листата е Оливие Жиру со 32 гола.

Мбапе со пенал ја „спасуваше“ Франција од Исланд, Шпанија го „прегази“ Велс (видео)

Scroll to Top