Top Sport

Самир Насри се враќа на големата сцена !?

Сензационално делува информацијата која ја лансираа англиските медиуми дека Самир Насри од јануари ќе игра во екипата на Евертон.

Насри во минатото еден од најталентираните француски играчи, во кариерата играл за Олимпик Марсеј, Арсенал, Манчестер сити и Севилја. Неговата кариера оди по надолна линија во последните три-четири години, а на тоа придонесе и допинг скандалот и суспензијата што тој ја доби од УЕФА.

Насри е слободен играч, откако поради суспензијата го раскина договорот со Анталија спор.

Суспензијата што му ја одреди УЕФА истекува во јануари наредната година и според англисиките медиуми тој би можел да стане нов играч на Евертон. Тренерот на „карамелите“, Марко Силва, очигледно верува дека овој 31-годишен фудбалер се уште поседува доволно квалитет за да може да игра во Премиер лигата.

Scroll to Top