Top Sport

Уште еден секс скандал во Ајакс

Нов секс скандал го стресе фудбалскиот клуб Ајакс. Овој пат во центарот на вниманието не е поранешниот спортски директор, Марк Овермарс, туку фудбалер на вториот тим.

Фудбалерот, Дони Вармердам е обвинет за силување.

19-годишна девојка, тврди дека фудбалерот ја силувал пред шест месеци на една забава. Таа инцидентот го пројавила во полиција и поднела пројава против Вармердам.

Порталот „Voetbalzone.nl“, обајви дека постојат фотографии и видео снимки кои ќе ја потврдат вината на фудбалерот.

На почетокот на оваа недела Марк Овермарс замина од клубот, откако е откриено дека сексуално ги возменрувал жените вработени во клубот.

Scroll to Top