Жорди Алба, левиот бек на Барселона, одреден период ќе биде надвор од натпреварувачкиот ритам поради повреда. Алба се повредил во вторникот, во финишот на првиото полувреме против Славија Прага.
Шпанскиот репрезентативец не играше во вториот дел против Славија, а медицинскиот тим на Барселона објави дека тој ја обновил повредата на левата нога.
Искусниот лев бек сигурно ќе го пропушти дуелот со Селта но и натпреварите на Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2020.
Алба поради слична повреда на мускулот, во септември отсуствуваше од тимот три недели.