Top Sport

Уште еден удар за шампионските амбиции на Башакшехир! (видео)

Башакшехир загуби изненадувачки со 0:2 од тимот на Гозтепе во изненадувачки резултат на стартот на 30. коло во турската Суперлига за богатиот фудбалски проект да пропушти уште една голема шанса за доближување на титулата.

Ова е трет меч во низа во кој Башакшехир останува без победа (два порази и едно реми), и иако тимот уште е прв во лигата со 62 поени, сега Галатасарај има шанси да се израмни со нив доколку победи на гостувањето кај Коњаспор во понеделник, а и Бешикташ останува на шест поени зад нив.

Англичанецот Камерон Џером рано им донесе водство на гостите уште во седмата минута, за Дениз Кадах во 87. минута да ја потврди победата на Гозтепе за победа која е драгоцена во борбата за опстанок. Гозтепе се 15. во лигата, со само поен повеќе од Бурса, која е во зоната за испаѓање.

Scroll to Top