Top Sport

Леверкузен со важна победа во борба за Европа (видео)

Баер Леверкузен прими гол по само 12 минути на гостувањето кај Аугзбург, но на крајот стигна до важна 1:4 победа, трет триумф во низа со кој останаа во трката за пласман во европските купови.

Кевин Дансо даде гол за домаќините, кои влегоа во мечот по две големи победи (3:1 на гости кај Ајнтрахт и 6:0 против Штутгарт), меѓутоа Кевин Фоланд само три минути подоцна израмни. Кај Хаверц (со 19. гол оваа сезона), Џонатан Тах и Јулијан Бранд во второто полувреме ја обезбедија победата.

Со триумфот, „фармацевтите“ се на шестото место на табелата со 51 поен, колку што имаат и петтопласираните Борусија Менхенгладбах и само три помалку од Ајнтрахт на четвртото место, кое води во Лигата на шампионите.

Scroll to Top