Русија во само неколку часа доби две лоши вести од Нион. Откако УЕФА реши да финалниот натпревар во Лигата на шампионите од Санкт Петербург да го префрли во Париз, УЕФА одлучи Русија да не биде домаќин во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Според ждрепката, фудбалската репрезентација на Русија, требаше на 24.март да ја пречека Полска во полуфиналето, со евентуална победа ќе избореше и финалето да го игра во Москва, против Шведска или Чешка.
УЕФА донесе одлука сите руски и украински клубови и репрезентации, натпреварите на кои треба да бидат домаќини да играат надвор од границите на своите држави.