Викендов во Русија веќе видовме како мечка „отвара“ натпревар во третата лига, а сега доаѓа и видео во кое незадоволен навивач фрла со жив петел кон тренерот.
Во втората лига, клубот на Луч-Енергија Владивосток го пречека Факел Вороњеж, и резултатот беше во втор план на „нападот“ на навивач на домашниот тим кон гостинскиот тренер Александер Григорјан со жив петел. Птицата беше отстранета од теренот, а навивачот го очекува казна затвор.