Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека ветеранот Хоселу следната недела ќе пристигне од Еспањол, но и дека тој ќе биде посленото засилување на „кралевите“ ова лето, откако претходно на „Бернабеу“ дојде англиската тинејџерска сензација Џуд Белингем.
33-годишниот Хоселу Мато ќе пристигне во Мадрид откако Еспањол испаднаа во втората лига, и доаѓа како опција во нападот на „кралевите“ посебно по заминувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија.
Перез претходно исто така потврди дека неговиот клуб нема да тргне по Килијан Мбапе ова лето и покрај најавите дека Французинот одбил да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен.