Top Sport

Уште не почната, сезоната за Асенсио е завршена?

Фудбалерите на Реал, во интересен меч, со четири гола и два црвени картони одиграа 2-2 со Арсенал, а потоа на пенали победија 3-2. По мечот немаше насмевки на лицата кај играчите, а причината е повредата на Марко Асенсио.

Младиот фудбалер во 59 минута постигна гол со кој Реал израмнија на 2-2, а набргу по голот тој се повреди. Со солзи на лицето тој беше на носилки изнесен од теренот.

Првите прогнози се дека тој ги скинал вкрстените лигаменти во коленото, што значи дека сезоната што официјално ќе започне во август за него е завршена.

Од клубот се уште не излегле со коментар околу повредата. Тоа ќе го направат кога ќе бидат извршени дополнителните прегледи. Едно е сигурно поради оваа повреда Асенсио подолг период ќе отсуствува од фудбалските терени.

Scroll to Top