Top Sport

Зидан за настапот и голот на Бејл: Ништо не е сменето

Герет Бејл доби шанса да игра против Арсенал, иако Зинедин Зидан го отпиша пред неколку дена. Велшанецот успеа и да постигне гол.

По завршувањето на натпреварот новинарите најмногу се интересирале зошто Бејл се нашол во тимот, кога желбата на Зидан е тој да замине од клубот.

„Не сум разговарал со него. Тренираше нормално и поради тоа играше“, рекол Зидан, а потоа повторил дека Бејл не му е потребен.

„ Ништо не е сменето, сите знаете добро каква е ситуацијата“, порачал тренерот на Реал.

Зидан и претседателот Флорентино Перез сакаат Бејл да си оди, но прашање е дали неговиот статус ќе се смени откако на дуелот со Арсенал се повреди Марко Асенсио. Прогнозите за неговата повреда на коленото не се влеваат оптимизам дека во скоро време ќе се појави на фудбалските терени.

foto/epa

Scroll to Top