Top Sport

Уште непочната сезоната за Куртоа заврши

На три дена до стартот на новата сезона во Ла Лига, Реал Мадрид доживеа вистински шок. Првиот голман Тибо Куртоа (31) ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено и веројатно ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми објавија дека еден од најдобрите светски голмани ќе биде опериран во наредните денови. Куртоа тешко се повредил на денешниот тренинг на Реал.

Најлошите прогнози велат дека Куртоа ќе го нема цела сезона, а во најдобар случај ќе се врати во април 2024 година.

Реал Мадрид веќе ја започна потрагата по нов голман. Првите информации велат дека тоа би можел да биде Давид де Хеа, кому му истече договорот со Манчестер јунајтед.

Останатите кандидати се Кепа Аризабалага од Челзи кој се поврзува со Баерн Минхен и Јасин Бону од Севилја.

Реал Мадрид моментално на располагање го има Украинецот Андриј Луњин (24), кој беше замена за Куртоа.

Репрезентативецот на Белгија дојде во Реал Мадрид од Челзи пред пет години за 35 милиони евра и има големи заслуги за сите успеси на Реал.

Scroll to Top