Top Sport

Главниот осомничен за убиството во Атина е навивач на ПАО

Според последните вести од Грција, уапсен е убиецот на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис. Станува збор за навивач на Панатинаикос кој веќе и бил добро познат на полицијата.

Од трагичниот настан, полицијата уапси 104 лица, од кои 97 се хрватски државјани. Меѓу уапсените и осомничените дека ја организирале тепачката има и тројца навивачи на Панатинаикос, грчки државјани на возраст од 22, 26 и 27 години.

Во средата се појавија шпекулации дека убиецот би можел да биде еден од навивачите на Панатинаикос, а во четвртокот дојде до голем напредок во истрагата.

Навивачот на Панатинаикос, веќе добро познат на грчката полиција, кој веќе отслужил затворска казна и во последните шест месеци се наоѓа на условна слобода, сега е првоосомничен за убиството на Какурис.

Повикувајќи се на полициските извештаи, грчките медиуми наведуваат дека уапсениот навивач на Панатинаикос е високо на листата на главните осомничени.

Се додава дека тој е меѓу оние од кои е земен примерок од ДНК.

Но, во исто време има информации дека поради бројните, а различни, убодни рани, полицијата се сомнева дека во убиството на навивачот на АЕК всушност учествувале неколку лица.

Scroll to Top