Напаѓачот на Џенова, Матија Дестро при вчерашното трилер 3:3 реми на неговиот клуб против Верона, постигна фантастичен гол, додека во рацете држеше шише со вода.
Дестро успеа да го помине својот одбранбен играч, и да го совлада голманот Монтип, додека во левата рака го имаше пластичното шише.
„Имав грчеви, бев уморен и навистина не знаев каде да го фрлам шишето. Затоа, чудно, тоа остана во мојата рака“, вели Дестро.
You think you’ve seen it all in football and then Mattia Destro scores a goal with a bottle of water in his hand pic.twitter.com/xz75MgL27I
— Elliot Hackney (@ElliotHackney) September 25, 2021