Фудбалскиот клуб Барселона објави дека уште тројца играчи се заразени со коронавирусот. Со ова бројката на заразени фудбалери се искачи на десет.
На последното тестирање, позитивни тестови добила Ез Абде, Филипе Кутињо и Сержињо Дест.
Во овој момент тренерот Чави на располагање има 13 фудбалери, тројца од нив се голмани.
Барселона, во недела на 2.јануари, ќе гостува во Мајорка. Можно е овој натпревар да биде одложен.