Новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари, со победа дебитираше во новиот клуб. Во првиот подготвителен меч пред стартот на новата сезона, Челси со 1:0 го победи Перт Глори.

Натпреварот се одигра на стадионот во Перт, Австралија пред 55.000 гледачи, а единствениот гол го постигна Педро во петтата минута.
Асистент за голот бил 17-годишниот Калум Хадсон Оди. Тој бил еден од тројцата тинејџери во стартната постава на Челси, покрај Итан Ампаду и голманот Марцин Булка.
За „сините“ дебитираше и засилувањето од наполи, Жоргињо.

Челси можел да постигне уште неколку гола, но Фабрегас и Алонсо не искористиле добри шанси, а Баркли ја погодил гредата.
Челси наредниот меч ќе го одигра во Ница, против Интер в сабота, а потоа на 1.август, во Даблин, ќе игра против лондонскиот ривал Арсенал.