Челси го искористи летниот период не само за обновување на клубот, туку и на реновирање на својата мега-продавница во Лондон, иако очигледно некој заборавил да им каже дека Давид Луиз веќе не е нивни фудбалер.
Бразилецот ги изненади сите откако направи трансфер од 8 милиони евра во четвртокот во градските ривали Арсенал, навлекувајќи го бесот на навивачите на „сините“.
Претходно, Еден Азар беше главниот лик на продавницата, пред нивната прва ѕвезда да замине за Реал Мадрид ова лето. Сега бидејќи ќе мораат да менуваат повторно, можеби ќе изберат некој поскромен и полојален фудбалер. Н’Голо Канте на пример.
Chelsea have just finished changing the face of their megastore from Eden Hazard to David Luiz… Someone out there right now is very frustrated. pic.twitter.com/bDTyZIJfxx
— Niall ㋡ (@niallmoran_) August 9, 2019