Top Sport

„Утре играме против Барселона и судиите. Еве го доказот“

Невиден потег направи Реал пред утрешниот реванш од полуфиналето на Купот на кралот во Барселона, откако го загуби првиот натпревар на домашен терен со 0:1 од најголемиот ривал.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа монтирал и објавил видео во траење од 2:40 минути. Видеото ги покажува огромните грешки кои последните години на негова штета ги донесоа Хуан Мартинез Мунуера, главниот судија на утрешното Ел Класико и Хозе Луис Гонзалес Гонзалес, кој ќе му биде видео асистент на супердербито.

„Против Барса ни суди дуото од натпреварот во кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја. Ни ја зедоа титулата“

„Мартинез Мунуера ќе биде главен на Ел Класико во Барселона, а Гонзалес Гонзалес ќе биде ВАР судија… Каква случајност! Ни суди тандемот со кој мадридистите имаат најлоши спомени“, потсетува Реал на клупскиот телевизиски канал и истакнува:

„Тоа е истата судиска двојка која го водеа натпреварот на кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја. Во сезоната 202/2021, поради нивните грешки на натпреварот против Севилја, Реал остана без титулата во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалес Гонзалес на тој натпрвар направија шест клучни грешки на штета на Реал“.

Тоа се: Офсајд на Одриозола настана поради специјалните ефекти на ВАР, голот на Севиља е постигнат откако беше досуден непостоечки фаул на Касемиро, пенал за Реал не беше досуден иако Диего Карлос играше со рака во шеснаесетникот на Севиља, чист пенал не е досуден по прекршокот на Оскар врз Касемиро, туку судеа не намерна игра со рака од Милитао , поради што Реал остана без пенал и црвен картон за голманот на Севиља Боно“.

Реал Мадрид ТВ додава дека Мартинез Мунуера не го оштетил клубот само на овој натпревар: „Тој не ни досуди пенал по фаулот на Горосабел над Менди на натпреварот против Рајо Ваљекано оваа сезона, исто како што неказнето помина грубиот фаул на Балиу“.

Посебна дел Реал ТВ и посвети на ВАР собата.

„Ако има име кое сее паника во видео-собата, тоа е името на Гонзалес Гонзалес. Откако тој е задолжен за ВАР на натпреварите на Реал, не оштети неколку пати.

Видеото завршува со судиската реченица која за навивачите на Реал стана симбол на кражба на нивниот клуб

„Не ни даде пенал против Бетис откако Миранда играше со рака, без казна мина и фаулот над Азар за пенал и нападот врз Марсело против Алавес, како и раката на Капа која требаше да резултира со пенал против Атлетик Билбао…“, посочува Реал и видеото го завршува со пораката на Гонзалес Гонзалес од ВАР собата, која за навивачите на Реал стана симбол за судиското газење на нивниот клуб: „Се е ок“.

Scroll to Top