Top Sport

Утрехт ја стопираше застрашувачката низа на Ајакс

Фантастичниот почеток на сезоната на Ајакс заврши со незгоден 0:1 домашен пораз од Утрехт, ставајќи крај на низата од седум победи едноподруго и ниту еден пораз од стартот на сезоната за тимот на Ерик Тен Хаг.

Последните резултати на „копјаниците“ беа застрашувачки – во средата со 2:0 ги победија Бешикташ, а во Ередивизие последните три меча им беа три луди победи – 3:0 против Гронинген, 5:0 против Фортуна Ситард и 9:0 против Камбур.

Трите поени за Утрехт на „Јохан Кројф арената“ ги обезбеди Џанго Вармердам во 77. минута од мечот. Ајакс остануваат лидери по осум кола со 19 поени, но Утрехт сега се на само два поени зад нив.

Scroll to Top