Top Sport

Тотенхем се врати на вистински пат, нова сензационална победа на Брентфорд

Тотенхем по три порази во низа, конечно, се врати на победите, триумфирајќи со 2:1 над Астон вила во интересен меч од седмото коло, во кое Кристал палас се врати од 0:2 за 2:2 реми против Лестер, додека сензацијата на Премиерлигата, Брентфорд во 95. минута стигна до 2:1 победа кај Вест хем..

Пјер-Емил Хојбјерг со убав удар од далечина им донесе водство на Спарс во 27. минута, но Астон вила, која во минатото коло стигна до славна победа над Манчестер јунајтед, се врати во игра преку Оли Воткинс во 67. минута. Трите поени за тимот на Нуно Еспирито Санто ги обезбеди Лукас Моура само четири минути подоцна.

Интересно беше и на „Селхарст парк“, каде што Келечи Ихеаначо и Џејми Варди донесоа 0:2 водство за Лестер за шест минути во финишот на првото полувреме, пред тимот на Патрик Виера да спаси поен со головите на замените Мајкл Олисе во 61. минута и Џефри Шлуп во 76. минута.

Брентфорд стигнаа до нова шокантна победа пред нова изненадувачка победа за искачување на седмото место на табелата откако во 95. минута дадоа гол во Лондон. Брајан Мбеумбо ги донесе гостите во водство во 20. минута, пред Џерод Боуен да израмни за Вест хем во 80. минута, за Конгоанецот Јоане Виса во 95. минута да обезбеди сензационален триумф.

ПРЕМИЕРЛИГА, 7.КОЛО

Кристал палас – Лестер 2:2

Тотенхем – Астон вила 2:1

Вест хем – Брентфорд 1:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top