Top Sport

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

Женскиот тим на Арсенал за влакно избегна страшен инцидент на аеродромот во Волфсбург, откако авионот на тимот се запали додека се обидуваше да полета. Нема повредени и сите се евакуирани.

Во неделата, жените на лондонскиот клуб му гостуваа на Волфсбург во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Веднаш по натпреварот англиската делегација требаше да лета назад на Островот.

Кога се приближувал до пистата, еден од моторите на авионот се запалил. Пилотите брзо реагирале со застанување и брзо била извршена евакуација, по што пожарот бил изгаснат.

Од аеродромот за „Билд“ откриле дека причина за несреќата била птица која влегла во моторот.

Авионот за кој станува збор е на малтешка авиокомпанија и не е тој со кој лета машкиот тим на Арсенал.

Фудбалерките на „топчиите“ беа сместени во хотел и денеска безбедно се вратија во Лондон.

Scroll to Top