Top Sport

Вацке: Халанд зборува глупости

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, тврди дека клубот не му поставил никаков ултиматум на Ерлинг Халанд. Норвежанецот, минатиот викенд, постигна два гола против Фрајбург, а по натпреварот рекол дека не е задоволен како се однесуваат кон него клупските челници.

Халанд, во интервјуто, рекол дека клубот го притиска што поскоро да реши дали ќе остане во Дортмунд.

„Јас само сакам да играм фудбал, а тие ме притискаат да донесам одлука околу мојата иднина. По се изгледа наскоро ќе морам да го решам тоа прашање“, рекол Халанд.

Коментирајќи го интервјуто, директорот Вацке за „АРД“ изјави.

„Да се каже дека Борусија му поставила ултиматум на Халанд…Тоа се глупости. Не постои никаков ултиматум. Ако Халанд замине ние ќе најдеме замена. Истото го направивме и кога од клубот си замина Левандовски“, рекол Вацке.

Scroll to Top