Top Sport

Вацке: За пет години потроши една милијарда, Гвардиола нема право да ги критукува другите

Првиот човек на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, во пресрет на четврт-финалниот реванш со Манчестер сити, во Лигата на шампионите, ја коментираше минатонеделната изјава на Пеп Гвардиола, дека Борусија троши многу пари за менаџерски провизии за да ги носи во клубот најголемите таленти.

Според официјалните податоци, минатата сезона во Дортмунд, за менаџерски провизии издвоиле 10 милиони фунти повеќе од Манчестер сити.

„Во последните пет години потрошија речиси една милијарда на нови фудбалери. За пет години!? Кој уште има можност толку да потроши? Гвардиола нема право да ги критикува другите“, рекол Вацке и дополнил.

„Кога започна пандемијата немавме никаков долг. Не должевме ниту едно евро. Поради тоа сега сме во кофорна позиција. Не мораме да продаваме, тоа е важно за нас. Догатите клубови, мора да разберат две работи, доколу сакаат некој наш играч. Прво немаат шанси и второ дека клубот ја одредува цената. Мора да знаат дека цената е таа и дека не постои ниту една друга. Нашето работење е јасно и поштено“.

Вацке, потврдил дека Ерлинг Халанд и наредната сезона ќе го носи дресот на Дортмунд.

„Здодевни ми се тие прашања. Јас знам во чии дрес че биде тој од 1.септември“.

Scroll to Top