Top Sport

Ванда Нара сепак го откачила Икарди

Продолжува сапуницата за брачната двојка Мауро Икарди-Ванда Нара. Сопругата која воедно му е и менаџерка, нема лесно да му го прости неверството на фудбалерот на ПСЖ.

Ванда Нара, која со ќерките се наоѓа во Милано, претпладнево на социјалните мрежи објави фотографија, со која покажува дека повеќе не ја носи бурмата.

„Мојата рака повеќе ми се допаѓа без бурмата“, напишала Ванда Нара на Инстаграм.

Ова е спротивно од она што го објави Икарди доцна синоќа, кога и го честиташе „Денот на мајките“.

Икарди, вчера го пропуштил тренингот на ПСЖ, заминал во Милано за да моли за прошка. Објави заедничка фотографија со сопругата.

Очигледно дека не поминало се како што замислил. Тој го пропуштил и денешниот тренинг на ПСЖ, што значи дека нема да биде во протоколот за утрешниот натпревар со Лајпциг во Лигата на шампионите.

Ванда Нара реши да го напушти Икарди, откако дознала дека тој извршил прељуба со нејзина пријателка, аргентинската актерка Еухенија Суарез.

„Уште едно семејство уништи поради к.р.а“, напиша Ванда Нара во саботата на Инстаргам и потоа со децата го напуштила Париз.

Scroll to Top