Џорџињо Вајналдум до крајот на преодниот рок ќе го напушти ПСЖ. Холанѓанецот , минатото лето пристигна во Париз како големо засилување, но не успеа да се избори за место во тимот. Поради лошата сезона тој го загуби местото и во холандската репрезентација.
Добро информираниот новинар Фабрицио Романо на „Твитер“ објави дека двете страни се договориле да се разделат.
Холанѓанецот е во потрага по нов клуб, а како можна опција се споменува позајмица.
Рома е заинтересирана за искусниот играч за врска, наводно Жозе Мурињо, тренерот на овој тим, разговарал со фудбалерот за негова преселба во Рим.
Во опција е едногодишна позајмица, со задолжиелен откуп на договорот за 15.000.000 евра по завршувањето на сезоната.
Вајналдум одигра 31 натпревар за ПСЖ и постигна еден гол.