Top Sport

Вајналдум не бил среќен во ПСЖ

Жоржињо Вајналдум, во преодниот рок, беше еден од најбараните на фудбалскиот пазар. Холанѓанецот, одби да потпише нов договор со Ливерпул и да побара друг предизвик во кариерата.

Вајналдум беше блиску до трансфер во Барселона, кога пред него се појави понуда од ПСЖ, која не можеше да ја одбие.

Сепак кариерата во новиот клуб не започна онака како што очекуваше. Вајналдум најчесто, натпреварите ги започнува од клупата за резерви. На холандските новинари им се пожалил дека не е задоволен од статусот што го има во Париз.

„Не можам да кажам дека сум среќен. Ова е далеку од она што го посакував. Но фудбалот е таков, треба да се носам со ваков предизвик. Јас сум борец. Морам да останам позитивен, морам да продолжам да работам напорно за да бидам во подобра позиција“, рекол Вајналдум.

Вајналдум, вечерва, ќе ја предводи Холандија во квалификацискиот натпревар против Гибралтар.

Scroll to Top