Жоржињо Вајналдум би сакал да игра за Арсенал, барајќи позајмица од Пари Сен-Жермен, каде што е незадоволен од слабата минутажа во францускиот клуб, каде што дојде како слободен играч по крајот на договорот со Ливерпул.
Холанѓанецот, кој во моментов е повреден, не сака да примора трансфер по само половина сезона во ПСЖ, но доколку се пружи вистинската шанса, Арсенал би бил неговиот избор, бидејќи го цени клубот, тврди „Скај спортс“.
Според нивните извори, доколку Пари Сен-Жермен го добие Танги Ндомбеле од Тотенхем, тоа ќе предизвика уште помала минутажа за Вајналдум, во можен трансфер веќе во јануари.