Top Sport

Сенегал во полуфинале по контроверзната победа над Кабо Верде

Сенегал стигна до 2:0 победа над аутсајдерите Кабо Верде (Зелено’ртски Острови) за да се пласира во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации во уште еден контроверзен меч на континенталното натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Кабо Верде останаа со играч помалку по само 21. минута игра, кога Андраде доби црвен картон, но фаворизираните Сенегалци не успеаја да дојдат во предност. Клучниот и најконтроверзниот момент се случи во 67. минута, кога Садио Мане беше во шанса пред голот на противниците, а голманот Жозе Возиња излезе од шестнаесетникот и следуваше страшен удар со главите меѓу двајцата фудбалери.

Возиња беше очигледно дезориентиран од ударот, и се расправаше со своите соиграчи и со лекарскиот тим, но алжирскиот судија Бенбрахам Лалу, реши да му додели црвен картон, оставајќи ги Кабо Верде со девет играчи на теренот. Мане, и покрај ударот, остана на теренот и во 63. минута го постигна водечкиот гол за Сенегал, но очигледно не можеше да продолжи и седум минути подоцна беше повлечен од игра. Младиот напаѓач на Олимпик Марсеј, Бамба Диенг во 92. минута ја искористи предноста на Сенегал да постигне уште еден гол за сигурен пат во четврт-финале.

ОСМИНАФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Сенегал – Кабо Верде 2:0

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Буркина Фасо – Тунис

Гамбија – Камерун

Сенегал – Мали/Екваторска Гвинеја

Брег на Слонова Коска/Египет – Мароко/Малави

Страшен судир со глави на Садио Мане со голманот Возиња!

Scroll to Top