Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, поднесе оставка на функцијата, по поразот од Македонија (0:1) во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство.
Македонија, во Тбилиси, победи со голот на Горан Пандев и прв пат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување.
„Мојата работа заврши. Истече времето. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи, новинари. Ова беше тешко време, но сепак беа ова пет добри години во мојот живот. Жалам што не успеавме“, рекол Вајс.
Словакот ја презеде репрезентацијата на Грузија во март 2016 година. Вајс како селекторт во 2010 година успеа да ја однесе Словачка на Светското првенство во Јужна Африка.