Новиот стадион на Тотенхем е пред комплетирање, откако на славниот „Вајт харт лејн“ беа донесени огромни ролна трева од Холандија за да се комплетира теренот на стадионот на англискиот премиерлигаш.
Колку е компликувана цела операција добро зборува што тоа дел од луѓето одговорни за теренот беа во Холандија последните два месеци за да ја одржуваат состојбата на тревата. Ролните од по 1.5 тони беа транспортирани во Лондон во 23 камиони со замрзнувач. Теренот е хибрид на природна трева засилена со полипропилен, слична на старата подлога на „Вајт харт лејн“.