Top Sport

Вардар како на полесен тренинг со Војводина, Калифа покажа што умее (видео)

Вардар го продолжи триумфалниот старт на новата ракометна сезона, откако со 33:26 (17:15) го совлада тимот на Војводина во петтото коло на СЕХА Газпром лигата.

Тимот на Роберто Гарсија Парондо со половина сили беше подобар од тимот од Нови Сад по триумфалниот поход на Унгарија во текот на викендот, кога го победија Веспрем на домашен терен и придонесоа за смената на тренерот Љубомир Врањеш.

Победата на „црвено-црните“ во ниту еден момент не беше под закана, за на крајот да добијат шанса повеќе ракометари. Дмитриј Кисељев беше најефикасен со девет постигнати голови, додека четири имаше Стас Скубе, додека на голот Гедбане Калифа имаше девет одбрани, од која една беше спектакуларна.

Кај гостите најефикасни беа Милош Грозданиќ и Срѓан Милиќ со по пет гола. Војводина има четири порази во низа во СЕХА лигата.

Фото: СЕХА Лига

Scroll to Top