Top Sport

Вака Хамес ги „поздрави“ навивачите на Бенфика (Видео)

Баерн, на „Луж“ стадионот во Лисабон, со триумфот над Бенфика 2:0, ја започна новата сезона во Лигата на шампионите.

Мечот во Лисабон покрај стрелците Левандовски и Ренато Санчез, го обележа и начинот на кој Хамес Родригез ги „поздрави“ домашните навивачи.

Колумбиецот, бидејќи е поранешен играч на Порто, од почетокот на мечот беше провоциран од навивачите на Бенфика.

Кога во 78.минута го напушташе теренот, целиот стадион го испрати со свирежи, а тој ги поздрави со пет прсти, алудирајќи на тоа дека како играч на Порот славел над Бенфика со 5:0.

Scroll to Top