Top Sport

Лион ќе протера навивач поради нацистички поздрав (Видео)

По сензационалната победа на гостувањето кај Манчестер сити, фудбалскиот клуб Лион преку соопштение објави дека по видеото што е објавено на социјалните мрежи, на еден навивач засекогаш ќе му забрани да присуствува на натпреварите на тимот.

Лион, во Манлестер, го победи Сити со 2:1, а по мечот се појави видеото на кое се гледа како еден навивач салутира со нацистички поздрав.

Од клубот рекле дека видеото е објавено на социјалните мрежи, без да наведат повеќе детали, само потврдиле дека на навивачот, кога ќе го утврдат неговиот идентитет, ќе му забранат да присуствува на натпреварите, на Лион.

Scroll to Top