Top Sport

Вака изгледа најлошот тим на ЕП во формација 4-3-3

Водечкиот шпански спортски медиум „Марка“, ги објави најлошите 11 на Европското првенство. Новинарите на овој шпански весник составија тим во формација 4-3-3 и во описот напишаа дека се работи за тим од играчи кои потфрлија најмногу на континенталноот првенство во однос на тоа што се очекуваше од нив пред натпреварувањето. .

Заедно со Италија, Србија е единствената репрезентација која има двајца претставници во најлошите 11. Во средниот ред влезе Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а во нападот место доби Душан Влаховиќ. Дефанзивците Џовани Ди Лоренцо и Џанлука Манчини ја претставуваат Италија.

Во одбраната се Украинецот Зинченко и Данецот Кристенсен, во средниот ред Мекгин (Пкотска) и Собослаи (Унгарија), а во нападот место најдоа Лукаку (белгија) и Кристијано Роналдо (Португалија).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');