Top Sport

Вакво нешто ретко се гледа – бизарниот поништен пенал на Дијаби

Баер Леверкузен пропушти шанса за победа против Бохум, одигрувајќи 0:0 во меч кој беше одбележан со еден од најбизарно поништените голови од пенал во историјата.

Во 65. минута, „фармацевтите“ имаа совршена шанса да постигнат гол, кога беше досуден пенал за нив, но обидот на Муса Дијаби беше поништен откако судијата утврди дека тој двапати играше со топката откако се лизна при шутот.

Баер остануваат трети во Бундеслигата со 52 поени, осум зад Борусија Дортмунд, додека зад нив се Лајпциг со четири поени помалку, но со натпревар помалку.

Scroll to Top