Top Sport

Валдано: По она вчера Мбапе никогаш не бил подалеку од Реал

Не е тајна дека Реал Мадрид, еден сака во своите редови да го има Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ, синоќа, на теренот на најголемиот ривал на Реал, Барселона, ја демонстрираше високата класа.

Мбапе постигна три гола, во убедливиот триумф на ПСЖ од 4:1.

По мечот, со интересно размислување се огласи поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал, Хорхе Валдано, инаку член на шампионската генерација на Аргентина од 1986 година.

„Мбапе има моќ, својот квалитет да го покаже на натпревари од највисоко ниво. Во исто време ПСЖ покажа дека тимот не е само Мбапе. Како се играше во второто полувреме, Барса уште е добро помина. Мислам дека по овој меч, Мбапе никогаш не бил подалеку од Реал. Сега без размислување може да бара 30 милиони евра годишно, тие пари само ПСЖ може да му ги даде“, рекол Валдано.

„Мбапе е поцелосен играч од Халанд, но јас мислам дека на Реал му е потребен голгетер каков што е Халанд. Халанд е Марио Кемпес на 21.век“, заклучил Валдано.

Scroll to Top