Top Sport

Валдез предизвикал скандал, Барселона му врачи отказ

Фудбалскиот клуб Барселона на својата интернет страница објави дека отказ добил тренерот на младинскиот тим Виктор Валдез.

Валдез е најуспешниот голман во историјата на Барселона со 539 настапи и 21 освоен трофеј, од кои се шест во Ла Лига и три во Лигата на шампионите.

Валдез добил отказ поради недоразбирањата и различните ставови што ги имал со челниците на младинската школа, но и бидејќи вербално го навредил директорот на „Ла Масија“, Патрик Клајверт.

Според медиумите малку недостигало вербалната расправија помеѓу Клајверт и Валдез да прерасне во тепачка.

Валдез и Клајверт не се согласувале околу формацијата во која треба да игра У-19 тимот на Барселона. Клајверт сметал дека како и сите тимови на Барселона У-19 тимот треба да игра во формација 4-3-3, додека Валдез ја форсирал формацијата 4-4-2.

Клубот објави дека Валдез ќе го наследи Франко Артига.

Scroll to Top