Top Sport

Валенсија го избрка Љубо Пенев

Шпанска Валенсија го отпушти Љубослав Пенев од позицијата тренер на Б-тимот по неговата намера да се кандидира за претседател на Бугарската фудбалска федерација.

Пенев им ги кажал амбициите на водачите на тимот Анил Мурти и Матео Алемани, кои не сметале дека тој може да ги извршува двете работи паралелно. Валенсија преку неочекувано остро соопштение го потврдија отпуштањето на 51-годишниот Пенев, кој од 1989 до 1995 година играше за Валенсија постигнувајќи 67 гола во 167 натпревари.

„По одлуката Љубослав Пенев формално да го извести клубот за кандидатурата за претседател на Бугарската фудбалска федерација на изборите во февруари, клубот е изненаден и разочаран за нарушување на имиџот на академијата на Валенсија. Пенев престанува да е тренер на Валенсија Б веднаш, и тимот ќе го води Мигуел Грау“, се вели во соопштението на Валенсија.

Scroll to Top