Top Sport

Рио: Сер Алекс никогаш не му викаше на Сколс

Поранешниот најскап дефанзивец на светот, Рио Фердинанд на интервју на ТВ-шоуто „Фајнал висл“ зборуваше за односите на играчите на Манчестер јунајтед со Сер Алекс Фергусон, човекот кој имаше „краток фитил“.

39-годишниот Фердинанд играше за Јунајтед од 2002 до 2014 година, формирајќи една од најдобрите дефанзивни линии на светот покрај Немања Видиќ, освојувајќи 6 титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите.

Тој тврди дека никој не бил посебно исплашен од Ферги, но даде интересни информации за односите кај „Црвените ѓаволи“.

„Дарен Флечер му беше како син. Тој дури одеше кај него на неделна скара. Гери Невил беше ’милениче’ на учителот, додека за Пол Сколс никогаш не велеше ништо. Сколси ќе добиеше црвен картон, тој ќе му кажеше добро одиграно. Пол Гигс немаше толку среќа, бидејќи беше најискусен. Ако му викаше на Гигс тоа беше за пример на другите. Никој не беше посебно исплашен, бидејќи работеше навистина добро“, вели Фердинанд.

Scroll to Top