Top Sport

Валенсија го потврди доаѓањето на Макси Гомез

Валенсија го комплетираа трансферот на Макси Гомез од Селта Виго, давајќи му петгодишен договор на Уругваецот, кој беше на мета на повеќе тимови ова лето.

Гомез беше една од првите желби за трансфер на тренерот Марселино, но преговорите траеја долго и Селта прво бараше да се активира клаузулата од 50 милиони евра. Вест хем прво понудија 32.5 милиони евра, а потоа и 50 милиони евра за Гомез да го замени Марко Арнаутовиќ кој замина во Кина, но Уругваецот не сакаше да замине од Шпанија.

Гомез дојде во Селта за 4 милиони евра пред две сезони, за да постигне 18 гола во 39 меча во 2017/18, а минатата сезона постигна 13 гола во 36 меча и беше еден од клучните фудбалери во борбата за опстанок на клубот од Галиција.

Scroll to Top