Top Sport

Валенсија со гол од пенал го задржа темпото со Барса (видео)

Валенсија се намачи со незгодниот тим на Селта Виго за да стигне до 2:1 победа и да се доближи на само два поени до Барселона (која утре гостува на Вилјареал) на врвот на Ла лига.

Симоне Заза донесе водство за „Лос че“ по 28. минути игра, откако беше најдобро позициониран по корнерот на Парехо за да го постигне фантастичниот 10. гол оваа сезона, меѓутоа гостите од Галиција израмнија на стартот на второто полувреме, откако Јаго Аспас најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Валенсија.

Моментот на одлука дојде во 81. минута, кога Хуго Малјо направи неверојатно наивен старт во својот шестнаесетник и судијата Хозе Луис Муњуера Монтеро покажа на белата точка, а Парехо без проблем го совлада голманот Бланко.

Селта останува на 10. место во Ла лига со 18 поени..

Scroll to Top