Top Sport

Валенсија не се „дава“ – победа во Севилја за останување во трката за ЛШ (видео)

Гонсало Гуедеш постигна два гола за Валенсија да стигне до важна 2:1 победа на гостувањето кај Реал Бетис, за „лос че“ да остане во борба за пласман во Лигата на шампиони.

Со овие важни три поени Валенсија имаат пласман на петтото место со 52 поени, колку што има и шестопласираната Севилја и на само два поени од четвртопласираниот Хетафе. Бетис се деветти со 43 поени.

Гуедеш постигна гол во финишот на првото полувреме (45. минута) и на стартот на второто полувреме (49. минута), за гостите да имаат удобна предност сѐ до последните десетина минути. Бетис намали со голот на Ло Селсо од пенал во 78. минута, а нервозата беше присутна во финишот кога Валенсија остана со играч помалку по вториот жолт картон за Родриго.

Scroll to Top